Речиси една третина од Русите се за прекин на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Речиси една третина од Русите веруваат дека воените операции во Украина треба да се прекинат што е можно поскоро, покажуваат резултатите од затвореното истражување на јавното мислење на про-Кремљ Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ), добиено од Порталот Медуза.

Loading...

Како што пренесува денеска порталот, во анкетата нарачана од Кремљ, а спроведена на крајот на јуни, на испитаниците им било поставено прашањето: која гледна точка им е поблиска – дека непријателствата во Украина треба да се прекинат што е можно поскоро или дека не треба да се запрат.

Резултатите покажаа дека 30 отсто од граѓаните се за што побрзо прекинување на војната, додека 57 отсто сметаат дека војната треба да продолжи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ги повика Г20 да го поддржат Киев и да го „притиснат“ Хамас

13 отсто од испитаниците не дале одговор.

Истражувањето покажа дека мнозинството млади на возраст од 18 до 24 години – 56 отсто се за прекин на војната, а потоа 43 отсто од 25 до 34 години.

Постарите испитаници генерално го поддржуваат продолжувањето на војната. Кај оние над 60, 72 отсто се такви, покажа истражувањето.

Медуза наведува дека за потребите на Кремљ била проучувана и зависноста од поддршката за продолжување на војната во зависност од изворот на информации.

Кај активните корисници на интернет, 47 отсто се за прекин на војната, а 35 отсто за нејзино продолжување.

Loading...

За испитаниците чиј извор на информации е телевизијата, 68 отсто се за продолжување, а 22 отсто за прекин на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам дека членките на ЕУ ќе ја следат

Овие податоци ВЦИОМ не ги објави на својата веб-страница, а најновото издание од јуни покажува дека 72 отсто од граѓаните ја поддржуваат војната, а 17 се против.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.