Путин ќе им олесни на Украинците да добијат руско државјанство

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на Украинците ќе им се олесни добивањето руско државјанство, пренесува Ројтерс.

Документ објавен на веб-страницата на руската влада покажува дека Путин потпишал декрет за продолжување на поедноставениот процес за добивање руско државјанство „за сите граѓани на Украина“.

Претходно, поедноставената процедура за добивање руско државјанство важеше само за жителите на самопрогласените проруски парадржави на Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република, како и на украинските региони Запорожје и Керсон, кои се под окупација на Руските сили, објави руската прорежимска новинска агенција Тас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жесток напад врз Запорожје, силни експлозии, најмалку три жртви

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.