Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај од своето воено разузнавање.
Тие наведуваат дека од 10 јули, руското артилериско бомбардирање продолжува во северниот дел на Донбас, но веројатно без поголем територијален напредок.
Британците велат дека украинските сили продолжиле да ги притискаат Русите во североисточниот дел на регионот Керсон, исто така без територијален напредок.
„На крајот на јуни, руска медиумска агенција, лоцирана во регионот на Бајкалското Езеро, објави видео на кое сопругите на војниците тврдат дека војниците од 5-та тенковска бригада се психички и физички исцрпени“, според британското разузнавање.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 11 July 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/SnhtVoG5js
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/V620iZfEP7
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) July 11, 2022
Руското министерство се обидува да го реши проблемот со замор меѓу распоредените сили.
„Ова е веројатно еден од најголемите проблеми на руското Министерство за одбрана бидејќи војниците активно се борат од почетокот на војната на 24 февруари“, објавија Британците.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.