Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските воздушни напади врз неговата земја продолжуваат откако официјални лица објавија дека најмалку 15 лица загинале кога руски проектил „Ураган“ погодил петкатница во регионот на Доњецк.
Тој додаде дека бројот на жртвите на нападот во Часив Јар најверојатно ќе се зголеми.
„Уништени се две станбени згради, голем број луѓе се под урнатините, шестмина од нив се спасени. Објавени се 15 имиња на загинатите и, за жал, тоа не е конечната бројка“, изјави тој и ги отфрли тврдењата дека руските напади биле „паузирани“.
„За 24 часа се забележани 34 руски воздушни напади, ова е одговорот на сите оние кои ја измислија оваа „пауза“. Украинската армија се држи цврсто, но треба да се направи уште многу пред руските загуби да доведат до такви паузи“, рече Зеленски.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.