Москва: Уништен хангар со американски хаубици, десетици убиени

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека во Украина е уништен хангар со американски хаубици М777.

Loading...

Портпаролот на министерството Игор Конашенков изјави дека хангар со американски хаубици М777 од 155 милиметри и до 30 „украински милитанти“ кои гранатирале станбени области во Доњецк се уништени со високопрецизно оружје, пренесува Интерфакс.

Конашенков изјави дека привремената позиција на украинскиот баталјон „Торнадо“ е уништена во областа Дњепропетровск и дека се ликвидирани повеќе од 40 милитанти.

Според Конашенков, руските авиони Су-35С и МиГ-31БМ собориле два украински Су-25 над областа Николаев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки ракетни напади на Одеса и Суми