Руската амбасада тврди: САД испраќа се повеќе оружје за да ја продолжи војната

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави продолжуваат да ја снабдуваат Украина со се повеќе и повеќе оружје, вклучително и високоподвижниот артилериски ракетен систем М142, познат и како Химарс, бидејќи сакаат да ја продолжат војната по секоја цена, се вели во соопштението на руската амбасада во Вашингтон.

Loading...

Соопштението уследи по одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да ѝ додели уште еден пакет воена помош на Украина, вреден околу 400 милиони долари.

„Посветивме внимание на соопштението на Пентагон за претстојната испорака на уште четири системи Химарс во Украина.

„Зад таквата одлука стои незапирливата желба на Вашингтон да го продолжи конфликтот по секоја цена, со испраќање оружје за да се компензира за растечките загуби на националистичките баталјони и вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението на руската амбасада во САД. јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки ракетни напади на Одеса и Суми

Министерството за одбрана на САД претходно прецизираше дека новонајавениот пакет воена помош за Украина од околу 400 милиони долари, вклучува четири дополнителни високомобилни повеќецевни артилериски ракетни системи (Химарс) и „друга опрема“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.