Руски советник доби седум години затвор откако рече дека е против војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Судот во Москва осуди опозициски советник на седум години затвор поради критикување на руската инвазија на Украина.

Loading...

Тоа е прва ваква казна изречена според новиот драконски закон, кој забранува каква било јавна критика за нападот на Путин врз Украина.

Алексеј Горинов, советник во московската област Красноселски и исто така адвокат, беше уапсен во април под обвинение за „свесно ширење лажни информации“ за руската војска.

Што точно направи Горинов?

За време на состанокот на советот, заедно со уште една опозициска советничка, Елена Котеночкина, тој се спротивстави на предлогот на Советот да се одржи детски натпревар за цртање и фестивал на танц и покрај војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

„Во Украина умираат деца“, рече Горинов.

„Верувам дека сите напори на руското граѓанско општество треба да бидат насочени исклучиво кон запирање на војната и враќање на руската армија од територијата на Украина“, рече Горинов на состанокот на Советот, кој беше снимен.

Видеото сè уште е достапно на YouTube.

„Верувам дека сите напори на [руското] граѓанско општество треба да бидат насочени само кон запирање на војната и повлекување на руските трупи од територијата на Украина“, рече Горинов за време на работниот состанок кој беше снимен на видео и е достапен на YouTube.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.