Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека вчерашната изјава на претседателот Владимир Путин дека „Русија сè уште не започнала ништо сериозно во Украина“ потсетува дека потенцијалите не можат да се споредат и дека потенцијалот на Русија е толку голем што сега само мал дел од него е вклучен во „специјална операција “ во Украина.
– Не, овојпат нема да ве упатам во Министерството за одбрана. Тоа се навистина зборови на шефот на државата. Но, шефот на државата само реагираше на изјавите слушнати од западните земји, од Киев, дека Киев ќе оди на победа на бојното поле – изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Путин вчера изјави дека „Русија сè уште не започнала ништо сериозно во Украина“.
– Сите треба да знаат дека во најголем дел се уште не сме почнале ништо сериозно – рече Путин на средбата со лидерите на партиските групи во Државната дума.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.