Борбата за Доњецк продолжува, овој град е нова мета

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана, кое редовно ја следи ситуацијата на фронтот во Украина, објави дека е забележливо дека руските сили сега се концентрираат во правец на Сиверск, осум километри западно од сегашната линија на рускиот фронт.

Loading...

Британците претпоставуваат дека руските сили ќе направат пауза тука за повторно да го наполнат оружјето пред да преземат нови офанзивни операции во регионот на Доњецк.

Во извештајот се додава дека украинските сили продолжуваат постепено да напредуваат во југозападниот сектор Херсон.

Тие наведуваат и дека постои реална можност непосредна тактичка цел на Русија да биде Сиверск, додека нејзините сили се обидуваат да напредуваат кон нивната најверојатна оперативна цел, урбаната област Славјанск-Краматорск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц: Германија нема да испрати крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина

Да потсетиме, ситуацијата во изминативе денови беше критична во блискиот регион Доњецк, а украинскиот гувернер на регионот, Павло Кириленко, најави дека е неопходна евакуација на 350.000 жители од оваа област за да се спасат животи и да и се овозможи на украинската армија да подобро да ги брани градовите од рускиот напредок.

Украинската армија претходно во неделата ги повлече војниците од градот Лисичанск, кој исто така се наоѓа во близина, додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Путин објавија дека со заземањето на тој град, Москва ја добила контролата врз целата област Луганск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.