11та седница на Советот на Општина Куманово ќе продолжи во вторник

Сподели со своите пријатели

На барање на советниците од албанска етничка припадност, поради големиот празник Курбан Бајрам продолжението на 11-тата седница на Советот на
Општина Куманово ќе се одржи во вторник со почеток во 10 часот.

Loading...

Продолжението требаше да се одржи денеска откако вчера беше прекината седницата додека се утврдуваше дневниот ред, бидејќи Советот остана без кворум за работа по долгите паузи.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка