Русите масовно го ограбуваат Северодонецк, кадат дури и мебел

Сподели со своите пријатели

Состојбата во окупираниот Северодонецк во источниот украински регион Луганск е „на работ на хуманитарна катастрофа“, а Русите масовно го ограбуваат освоениот град, изјави украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Хајдај.

Loading...

Утрово тој на својот канал на Телеграм објави дека 80 отсто од станбените згради и куќи во Северодонецк се уништени или оштетени.

„Дел од луѓето се обидуваат да се вратат за да си ги земат работите, но сè почесто наоѓаат сосема празни станови, дури и ако останатите се недопрени. Откако влегле во градот, Русите прво депортирале дел од локалното население, им ги земале клучевите, а потоа започнале ограбуваат сè. Со камиони возат до облакодерите и земаат сè. Ако мебелот е добар, го земаат и тоа. Веќе не застануваат само на апарати за домаќинство“, напиша Хајдај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туск до Полјаците: Запомнете, 1.000 дена украинско херојство ја држи војната подалеку од Полска

„Градот е на работ на хуманитарна катастрофа. Нема поцентрализирано снабдување со вода, гас и струја“, додаде гувернерот на Луганск.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.