Украина: Руси погодија танкер што со месеци пловеше во Црното Море

Сподели со своите пријатели

Танкер кој со месеци плови во Црното Море е погоден од руска ракета, соопшти денеска украинската армија.

Loading...

Два проектили од типот КХ-31 биле истрелани врз танкерот „Милениал дух“, кој пловеше под знамето на Молдавија и беше погоден за прв пат непосредно по почетокот на руската инвазија во морето кај Одеса, соопшти оперативната команда на украинската вооружена силите.

Една ракета го погодила танкерот, соопштија Украинците.

Оттогаш, танкерот плови во Црното Море без екипаж, со неодредено количество дизел на него.

„Кога првпат беше погоден, носеше повеќе од 500 тони гориво“

„Кога првпат беше погоден, танкерот превезуваше повеќе од 500 тони дизел гориво. Поради блокадата на поморските патишта, танкерот пловеше во морето без екипаж четири месеци, како некаква пловечка еколошка бомба“, соопшти украинската армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку е богат Володимир Зеленски: Еве од каде сѐ добива приходи

Не е јасно дали бродот потонал по рускиот ракетен напад.

Украинската војска соопшти дека втора ракета, која не го погодила танкерот, експлодирала над морето.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...