Русија избегнува да признае дека е во војна

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.

Loading...

Силно гранатирање продолжува долж Доњецкиот фронт, но Русите полека напредуваат, се вели во извештајот.

Руските трупи кои учествуваа во минатонеделното освојување на регионот Луганск најверојатно се обновуваат, според британското разузнавање.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на силите кои го зазедоа Лисичанск и порача дека „треба да одморат и да ги вратат борбените капацитети“.

Британските разузнавачи ја посочуваат неодамнешната законска иницијатива во рускиот парламент, која има за цел да обезбеди што е можно повеќе ресурси без најава за целосна мобилизација на економијата и забележуваат дека „им дозволува на Русија да избегне да признае дека е во војна, исто како нејзиниот неуспех да ја победи украинската армија и покрај нееднаквоста во оружјето и луѓето“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.