Украинската армија денеска соопшти дека спречила големо напредување на руските трупи кон северот на Доњецк, но дека притисокот се зголемува со силно гранатирање на градот Славјанск и блиските населени места.
Во соопштението се вели дека руските сили бомбардираат неколку украински градови со тешко вооружување, за да и овозможат на пешадијата да напредува кон југ и да се приближи до Славјанск, пишува Гардијан.
Се вели дека другите руски сили имале за цел да заземат два града на патот кон градот Краматорск, јужно од Славјанск, како и да се обидат да ја преземат контролата врз главниот автопат што ги поврзува Луганск и регионот Доњецк.
„Го задржуваме непријателот на границата на регионите Луганск и Доњецк“, изјави гувернерот на Луганск Серхи Гајдаи за украинската телевизија.
Тој, исто така, тврди дека руските сили сè уште не го окупирале целосно регионот Луганск и дека „Русија претрпела“ колосални загуби“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.