Лавров: Имаме покана од Индонезија за состаноците на Г20

Сподели со своите пријатели

Индонезија можеби ги игнорирала обидите да го спречи учеството на Русија на состаноците на Г20, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Ларвов.

Loading...

„Не знам дали имало обид да се блокира Русија да присуствува на состаноците на Г20“, рече рускиот министер по средбите со неговиот виетнамски колега Буи Тан Сон во Ханој, пренесува ТАС С.

„Имаме покана од Индонезија да присуствуваме и на состаноците на министрите за надворешни работи на Г-20 во Бали утре и на самитот на Г-20 таму во ноември. Доколку имало такви обиди, индонезиските власти можеби ги игнорирале“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е тактичко нуклеарно оружје со кое Русија им се заканува на Украина и НАТО сојузниците?

Лавров изјави и дека средбата на Г-20 ќе има своја агенда и дека Русија „ќе се држи до таа агенда“, како и дека ќе „одржи низа билатерални средби“.

Министрите за надворешни работи на Г-20 ќе се соберат на Бали на 7-8. Јули, според ТАС С.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.