Во урнатините на бункер во Харков пронајдено тело на поранешна бразилска манекенка

Сподели со своите пријатели

Талита до Вале, 39-годишна поранешна бразилска манекенка и исто така елитна снајперистка која документирала воени подвизи на Јутуб, била убиена за време на руското гранатирање на Харков, пишува Мирор.

За време на нападот, животот го загуби и поранешниот војник на бразилската армија Даглас Бурига, кој се вратил во бункерот за да ја пронајде Талита.

Таа беше единствената припадничка на единицата што го преживеала првиот ракетен напад, тврдат други борци, а имала искуство и во претходни конфликти додека се борела против Исламската држава во Ирак, што го документирала на нејзиниот канал на YouTube.

За време на борбите во Ирак, таа добила обука за снајперирст и се приклучила на Пешмерга, вооружените сили на независниот регион Курдистан во Ирак.

Таа, исто така, соработувала со писател за да го претвори тоа искуство во книга.

Откако го преживеала бомбардирањето во главниот град на Украина, Талита му објаснила на семејството дека не може многу да зборува бидејќи нејзината активност на мобилниот телефон ја следат руски дронови и дека ќе им се јави само за да ги извести дека е добро.

Последен пат тие разговарале минатата недела во понеделникот, откако Талита се преселила во Харков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.