Медведев: Судење на земјата со најголемиот нуклеарен арсенал би било опасно за светот

Сподели со своите пријатели

Дмитри Медведев, поранешен претседател на Русија и долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и актуелен потпретседател на рускиот совет за безбедност, објави долг текст на својот канал на Телеграм во кој се потсмева на можноста некој од Русија да заврши на меѓународен суд за напаѓање на Украина.

Loading...

„Казнувањето на земјата со најголемиот нуклеарен арсенал е закана за постоењето на човештвото“

Цитирајќи го сопствениот говор одржан на меѓународниот правен форум во Санкт Петербург, Медведев вели:

„Обидите за создавање судови за таканаречената истрага на руските операции ги нареков луди. Тие предлози не се само правно неважечки. Идејата за казнувањето на земјата што има најголем нуклеарен арсенал е апсурдно само по себе и потенцијално го загрозува постоењето на човештвото“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Одлуката на САД е многу добра вест за Украинците, се надевам дека членките на ЕУ ќе ја следат

Медведев потоа се прашува „кој е тој идиот“ кој повикува на судење на Русија и одговара на сопственото прашање – САД.

Тој потоа наведува долг список на американски воени интервенции од крајот на Втората светска војна.

„Виетнам и Кореја, Југославија и Ирак, Авганистан и Сирија знаат колку може да бидат катастрофални последиците од таквите инвазии. Списокот е долг и постојано расте. Америка уби повеќе од 20 милиони луѓе во 37 земји од крајот на Втората светска војна, според студијата објавена од Global Research. Размислете за тоа – повеќе од 20 милиони! Авторот на таа статија, Џејмс А. Лукас, поставува добро прашање: Колку напади како оние од 11 септември изврши Америка во други земји: Одговорот е околу 10.000“, пишува Медведев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.