Најмалку пет лица загинаа во руските напади врз источниот украински регион Доњецк во изминатите 24 часа, соопштија локалните власти.
Loading...
Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк, рече дека 21 лице е повредено во „континуираното гранатирање“.
По заземањето на Луганск, руските сили ги насочуваат своите напади врз соседниот регион Доњецк, кој заедно со Луганск сочинуваат голем дел од Донбас.
Од петте загинати, двајца се убиени во Авдијивка, а по едно лице во Славјанск, Кранохоривка и Кураково.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.