Најмалку 340 деца загинаа во руските напади врз Украина, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.
Од почетокот на руската инвазија, 645 деца се повредени во војната, се вели во соопштението за печатот.
Канцеларијата на главниот обвинител на Украина наведува дека „овие бројки не се конечни“ и дека канцеларијата работи на „утврдување на точниот број во местата на активни конфликти“.
Поголемиот дел од бројот на убиени и ранети украински деца досега утврден се однесува на регионот Доњецк на истокот на Украина, а потоа следуваат регионите Харков и Киев.
Голем број жртви се потврдени и во Чернихив, Луганск, Миколаев и Запорожје, соопшти канцеларијата.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.