Првата ротација на украински војници пристигна во Велика Британија на договорена обука, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Станува збор за обука која е дел од новата програма чија цел е обука на до 10.000 украински војници како дел од британскиот пакет воена помош за Украина во вредност од 2,3 милијарди фунти, што премиерот Борис Џонсон неодамна го објави при посетата на Киев.
Каков вид на обука ќе добијат?
„Првата ротација на украински војници неодамна пристигна во Велика Британија. Обуката ќе се одвива на полигони за обука низ североистокот, југозападот и југоистокот. Обуката ќе ја спроведуваат делови од Бригадата за безбедносна помош“, рече Валас.
Украинските војници ќе поминат обука врз основа на основната обука на британските војници.
– Вклучува обука за ракување со оружје, прва помош и патролни тактики. Секој курс ќе трае неколку недели“, изјави британскиот министер за одбрана.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.