Британија: Следното клучно бојно поле е битка за Славјанск

Сподели со своите пријатели

Битката за Славјанск најверојатно ќе биде следното клучно бојно поле во битката за Донбас, бидејќи руските сили се приближиле на 16 километри од овој град, објави британското Министерство за одбрана, пишува Гардијан.

Loading...

Руските сили сега се верува дека се на околу 10 милји северно од Славјанск, според најновиот извештај на британското разузнавање.

Постои реална можност битката за Славјанск да биде следната клучна точка во битката за Донбас, бидејќи Русија продолжува да ја консолидира својата контрола над Лисичанск и Луганск, се додава во извештајот.

На север, Москва ги насочи повеќето од преостанатите расположливи единици од источните и западните групи сили да ја продолжат офанзивата во правец на Изум, каде што во текот на изминатата недела руските сили веројатно напреднале до уште пет километри во лицето на крајно решителниот украински отпор, се вели во соопштението на британското министерство, пренесува Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија

Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога руските сили го гранатираа Славјанск во областа Доњецк, изјави во вторникот шефот на украинската регионална воена администрација во Доњецк, Павло Кириленко, пренесе Си-Ен-Ен.

„Русите повторно намерно напаѓаат места каде што се собираат цивили. Ова е чист тероризам“, напиша Кириленко на Телеграм, повикувајќи го населението да се евакуира.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.