„Војници во сенка“: Кои се членовите на руската тајна армија Вагнер?

Сподели со своите пријатели

Поранешен платеник на руската приватна армија, Вагнер напиша книга во која сведочи за блиските врски меѓу таа единица и Кремљ.

Loading...

Тој е еден од ретките кои зборуваа за тоа. Москва секогаш негираше дека има некаква врска со Вагнер.

Дури и Кремљ повеќе не го негира постоењето на борбена единица на руски платеници наречена Вагнер. Но, ретко кој од членовите на таа група кажа нешто за тоа што го прави во цела низа конфликти, од Сирија до Украина.

Затоа книгата „Вагнер: Тајната армија на Путин“ од воениот ветеран и поранешен платеник Марат Габидулин е првото сведоштво од ваков вид.

Наводните злодела на единицата Вагнер конечно го натераа Габидулин да размислува.

Во книгата тој опишува како изгледала руската воена помош за Башар ал Асад или за сепаратистите во источна Украина.

„Спасувањето на режимот на Ал Асад ѝ овозможи на Русија да се претстави како заштитник на криминалците од секаков вид“, пишува Габидулин.

Исто така, сведочи дека руските платеници ја играле својата улога во конфликтите во Судан, Мали или Либија.

Loading...

Овој февруари, рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за платеничката армија на Вагнер, повторувајќи го официјалниот став дека „руската држава нема никаква врска“ со нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ќе започне со испорака на 4.000 дронови со вештачка интелигенција во Украина од декември

Тој тврдеше дека таквите приватни армии „имаат комерцијални интереси“ и дека „тие сами преговараат, а локалните владетели ги канат на државно ниво и им се заблагодаруваат за нивниот настап“, рече Путин на прашањето за акцијата на руските платеници во Мали.

„Готвачот“ и полковникот на чело

Поинаку може да се види во документарниот филм „Вагнер, Путиновата војска во сенка“, кој го снимија француските авторки Ксенија Болхакова и Александра Зизе.

Разговарале и со Марат Габидулин, а други соговорници тврдат дека рускиот претседател не ја кажува вистината.

Велат дека Вагнер е тесно поврзан со врвот на руската држава и е на многу мисии токму по налог на Кремљ.

„Со испраќањето на вакви платеници државата заштедува на подоцнежната исплата на пензиите и платите кои инаку би требало да ги исплати на редовните војници. И така е можно за неа мртвите од таа единица едноставно да исчезнат“, пишуваат француските новинари во предговорот на книгата.

Шефовите на таа организација, која во своите промотивни видеа го прикажува и портретот на германскиот композитор Ричард Вагнер, се рускиот „претприемач“ Евгениј Пригожин и рускиот полковник Дмитриј Уткин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија и Германија одбиваат Украина да користи оружје надвор од сопствената територија

Тој е обожавател на Вагнер, но не само поради музиката: „Уткин му се восхитува на Адолф Хитлер и нацистичкиот Рајх“, пишуваат Болхакова и Зизе, а познато е и восхитувањето на Хитлер кон Вагнер.

Loading...

Уткин ја завршил својата воена кариера во руската воена тајна служба ГРУ, а во 2014 година основал единица на ветерани од руските специјални сили под неговото воено име – Вагнер.

Не помалку важна личност е Пригожин (62), по кого е распишана потерница од САД. Се вели дека тој е главната врска меѓу Вагнер и Кремљ.

И доаѓа од Санкт Петербург, исто како Путин:

„Поранешниот бандит кој стана еден од најмоќните луѓе во Русија е чист производ на подземјето составено од паравоени безбедносни работници, шпиони, членови на тајните служби, мафијаши и поранешни осуденици“, пишува за него.

Пригожин често го угостуваше Путин во неговиот ресторан додека работел во градската управа на Санкт Петербург, поради што го носи прекарот „готвачот на Путин“.

„Тоа сме сите ние, не војската“

Се проценува дека денес Вагнер има на располагање околу пет илјади луѓе, а нивните плати се солидни за руските околности.

Габидулин вели дека лесно заработувал 3.000 евра месечно до 2019 година кога ја напуштил организацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Остануваме на одлуката да не испорачаме ракети со долг дострел на Украина

Голем дел од неговата книга се сведоштва од бојното поле, но има и поплаки за наводно лошото оружје со кое биле опремени, за грешките во командата, а понекогаш и крајно насилничкото однесување на најсуровите другари.

Loading...

Една од причините за неговото заминување и неговото сегашно сведочење за Габидулин е војната на Путин против Украина, која тој ја смета за грешка. Тој вели дека никогаш не сакал да се бори против „браќата“ во Украина.

Но во книгата нема покајание, повеќе оправдување. Габидулин бара и официјално признавање на тие борци од приватни воени компании.

Тој тврди дека руската армија често се пофалува со успеси кои всушност биле постигнати од платеници, како што беше случајот во Сирија во борбата против Исламската држава.

Затоа смета дека тие заслужуваат „место во историските книги“.

„На оваа нова структура во Русија ќе и треба многу повеќе време за да докаже дека тие не се собиралиште на отфрлени луѓе и толпи, туку организација составена од вистински професионалци: воени работници“, смета Габидулин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...