Силни експлозии се слушнале рано утринава во украинскиот град Николаев, соопшти градоначалникот Олександар Сенкевич во објава на социјалните мрежи.
Loading...
„Во градот се слушаат силни експлозии! Останете во засолништа!“, напиша Сенкевич на апликацијата за пораки Телеграм.
Не е познато што ги предизвикало експлозиите.
Ројтерс не можеше самостојно да ја потврди веродостојноста на извештајот.
Пред експлозиите, сирените за воздушен напад се огласија низ регионот на Николаев.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.