Русите со фосфорни бомби го нападнале Змискиот остров

Сподели со своите пријатели

Украинската армија ја обвини Русија дека го нападнала Змискиот остров, стратешки важен остров во Црното Море од кој руските сили се повлекле вчера, со запалива муниција од фосфор.

Loading...

– Вечерва околу 18 часот руските сили извршија два напади со фосфорни бомби со помош на авиони Су-30 – соопшти украинската армија и објави видео за кое тврди дека покажува еден од нападите.

Руското Министерство за одбрана вчера објави дека нивните сили се повлекле од Змискиот остров како „гест на добра волја“, што требаше да сугерира дека Русија нема да се меша во обидот на ОН да организира извоз на жито од Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет

Украинската армија вечерва ги обвини Русите дека „не можат ни да ги почитуваат сопствените декларации“.

Оружјето со фосфор, кое остава карактеристични бели траги во воздухот, е запаливо оружје кога се користи против цивили и е забрането со меѓународните конвенции, но нивната употреба е дозволена на воени цели.

Украина постојано ја обвинува Русија за употреба на фосфорна муниција, вклучително и на цивилни области, што Москва го негираше.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.