Викенд временска прогноза за Куманово: Многу топло со услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент осум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, одосно југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 36 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме повторно сончево и многу топло време, особено во претпладневните часови. Попладне ќе има услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер до северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 18 степени во утринските часови до максимални 35 во текот на денот.

 

 

Loading...

Сончево и многу топло со мала облачност ќе биде времето в недела, но без услови за попладневна нестабилност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, додека максималната дневна ќе достигне 34 степени целзиусови.

 

 

Од Управата за хидрометеоролошки работи потенцираат дека поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена.

Високите температури ќе продолжат и во текот на следната недела. Благ пад се очекува во втората половина од седмицата.

Никола Ивановски

Loading...