Без струја повеќе локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во кумановско и околината денеска во текот на денот ќе останат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „100“ до ресторанот „Центропалас“ во населбата Карпош, улицата „200“, дел од гробиштата.

Во период од 07:45 до 14:15 прекини ќе има кај корисниците од населбите Ајдучка Чешма, Пуковско, „Никуљски пат“ во населбата Карпош, бензинската станица „Сателит“, „Алфи“, „Термалифт“, „Мега, „Фрагмак“, „Глечер“, „Бијана шус“, „Бијана трејд“ и сите стопански објекти во населбата Карпош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

Станува збор за најавени прекини поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски