ОН: Хуманитарната ситуација во Донбас е алармантна

Сподели со своите пријатели

По четири месеци руска инвазија, хуманитарната ситуација во Украина, а особено во Донбас е „крајно алармантна“, соопштија денеска ОН додека продолжуваат борбите меѓу украинската и руската армија на oстокот на земјата.

Loading...

„Хуманитарната ситуација во цела Украина, особено на истокот на Донбас, е крајно алармантна и продолжува брзо да се влошува“, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA).

Според агенцијата, ситуацијата е особено загрижувачка во и околу Северодонецк, последниот џеб на украинскиот отпор во областа Луганск, кој е речиси целосно под руска контрола.

Агенцијата на ОН посочи дека е намален пристапот до вода за пиење, храна и електрична енергија како резултат на борбите кои постојано се засилуваат, поради што цивилното население плаќа висока цена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  67% од Украинците го поддржуваат Зеленски, но еден човек има поголема поддршка

OCHA изрази жалење што двете завојувани страни сè уште не постигнале договор за олеснување на евакуацијата на цивилите или дозволување пристап до хуманитарна помош во Северодонецк и соседниот град Лисичанск, кои се под постојано гранатирање неколку дена.

„Во целата земја, станбените населби и цивилната инфраструктура постојано се погодени, што резултира со повеќе цивили убиени или ранети“, соопшти агенцијата на ОН.

Таа додаде дека и покрај огромните тешкотии, ОН и нивните хуманитарни партнери успеале да допрат до 8,8 милиони луѓе низ Украина од почетокот на војната кон крајот на февруари.

Според последниот биланс на ОН од 15 јуни, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, загинале 4.452 цивили, а 5.531 биле ранети. Од ОН редовно посочуваат дека бројката е веројатно многу поголема.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Русија сè уште ги избегнува западните санкции?