Руската подружница на Гугл прогласи банкрот

Сподели со своите пријатели

Подружница на Гугл во Русија поднесе барање за стечај.

Loading...

Арбитражниот суд во Москва го регистрирал стечајот на Гугл ДОО, според списите на арбитражните предмети.

Барањето е поднесено до судот на 16 јуни, а датумот за разгледување на нејзината важност се уште не е одреден, пренесува РИА Новости.

На 18 мај, Google LLC објави известување за намера да поднесе барање за стечај на веб-страницата на Единствениот федерален регистар на правно значајни информации за факти за активностите на правните лица (Fedresurs).

Компанијата тогаш објави дека има намера да поднесе барање за прогласување неликвидност, бидејќи од 22 март 2022 година предвидува сопствен стечај и неможност за исполнување финансиски обврски, јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ќе го поддржат неговиот мировен план? Зеленски во Вашингтон ќе се сретне со Трамп и Харис