Украинската морнарица објави на социјалните мрежи дека го погодила рускиот спасувачки брод Спасувач Васили Бек, за кој се вели дека превезувал муниција, оружје и персонал на руската Црноморска флота до Змискиот остров.
Русите засега ништо не коментираат. Сè потврди и гувернерот на Одеса, Максим Марченко кој го повтори своето тврдење за успешен украински напад.
„Утринава во Црното Море, влечното возило на Црноморската флота Васили Бек беше погодено со проектили додека превезуваше муниција, оружје и персонал до Змискиот остров. Честитки за тимот на московскиот крстосувач“, напиша Марченко.
Нема јасна индикација кога видеото е снимено или дека го покажува она што се тврди – снимката не била независно потврдена.
Better video, clearly shows the Russian tug being hit by two Ukrainian antiship cruise missiles https://t.co/spvmBlfFzK pic.twitter.com/wJni7UsgNy
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 17, 2022