Германија ќе испорача ракетни фрлачи на Украина

Сподели со своите пријатели

Германија ќе и испорача на Украина три повеќецевни ракетни фрлачи Марс II, изјави денеска во Брисел министерката за одбрана Кристин Ламбрехт, додавајќи дека обуката на украинските војници ќе започне во наредните недели.

Loading...

„Оружјето ќе дојде од инвентарот на Бундесверот“, изјави германскиот министер на маргините на состанокот на НАТО, на кој учествуваат околу 50 земји на тема координација на воената помош за Украина, пренесува Ројтерс.

Ракетниот фрлач со повеќе цевки Mars II може да погоди цели на оддалеченост од повеќе од 80 километри, додава британската агенција.