Оруже, членство во ЕУ или ништо? Што ќе однесат европските лидери во Украина?

Сподели со своите пријатели

Тројцата најмоќни европски лидери – германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги ќе го посетат Киев на крајот на јуни, за прв пат од почетокот на војната во Украина.

Loading...

Најавата за оваа посета ја натера светската јавност да се запраша дали заедничката посета на овие тројца државници ќе го доведе конфликтот во нов правец или од друга страна конечно ќе го запре.

Информацијата за наводната посета на германскиот Bild am Sonntag ја потврдил неименуван извор близок до еден од споменатите лидери.

Според германските медиуми, посетата ќе се случи меѓу самитот на Групата 7, кој почнува на 26 јуни и вториот круг од парламентарните избори во Франција, кој е закажан за 19 јуни.

Наводната цел на заедничката посета на Шолц, Макрон и Драгој е да се покаже единството на Европската унија за прашањето за Украина.

Но, со оглед на нивните претходни изјави за патувањето во Киев, заклучокот е дека причината за оваа посета е многу подлабока.

Ова тврдење го поткрепува и неодамнешната изјава на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој на почетокот на инвазијата рече дека ќе оди во Киев само доколку таа посета има конкретна причина.

„Не сакам да бидам во редот на луѓе кои влегуваат и излегуваат, а меѓу нив се фотографираат“, изјави тогаш Шолц.

Loading...

Затоа, многу е можно да се оствари она на што Киев се надева – разговорите да резултираат со нови, поголеми испораки на модерна воена помош.

Дека е неопходно, потврдува и неодамнешното соопштение на украинското Министерство за одбрана дека им се заканува губење на дополнителни територии на истокот на земјата, а руската армија со голема брзина напредува во Донбас.

Според украинското Министерство за одбрана, главниот проблем на армијата на Киев е недостатокот на муниција.

Кандидатски статус?

Друга важна точка во разговорите на Зеленски со европските лидери е барањето Киев да добие статус на кандидат за влез во Европската унија.

Тоа го поткрепува и посетата на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која при посетата на Киев во саботата вети дека Украина следната недела ќе добие одговор за нејзината кандидатура за членство во Европската унија (ЕУ) и дека проценка на европските амбиции на овие држави разурнати од војна.

„Сакаме да ја поддржиме Украина на нејзиниот европски пат“, рече фон дер Лајен на кратката прес-конференција по разговорите со Зеленски.

Според неа, украинските власти „направиле многу“ во врска со кандидатурата, но има „многу повеќе да се направи“, особено во борбата против корупцијата.

Исто така, американската агенција Блумберг во неделата објави дека кон средината на следната недела колеџот на комесари на ЕК ќе даде „зелено светло“ за кандидатурата на Украина, под услов властите во Киев да направат голем чекор напред во владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Loading...

Тензии на релација Шолц-Зеленски

Во претходните месеци, германскиот канцелар Олаф Шолц беше цел на критики за неуспехот да ја посети Украина од почетокот на војната.

Работите особено се искомплицираа во април, кога германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер сакаше да отпатува за Киев, но од таму му беше кажано дека е непожелен поради неговата проруска политика во минатото.

Тогаш Шолц, социјалдемократ како Штајнмаер, одби сам да оди во Киев додека не се разјаснат тие дипломатски препукувања.

Спорно беше и тоа што германскиот канцелар одби да испрати воена помош за Украина во првите месеци од војната. На крајот, дипломатската ситуација беше решена, а Германија конечно испрати оружје во Киев.

Но, додека многу земји, главно во источна Европа, го поддржуваат членството на Украина, некои земји изразија одредени резерви, како што се Холандија, Данска, Германија и Франција, па украинската страна се надева дека најавената посета на тројцата лидери конечно ќе донесе консензус за проблем.

Имено, еден од функционерите кој доаѓа во Киев – Марио Драги, повеќепати истакна дека недвосмислено ја поддржува Украина на европскиот пат.

Од друга страна, Шолц беше прилично воздржан, што доведе до заклучок дека не е поддржувач на оваа опција.

На крајот, Маркон секогаш експлицитно се спротивставуваше на оваа идеја.

Loading...

Оттука, се поставува прашањето дали функционерите на Германија и Франција го промениле ставот по ова прашање.