Украина би можела да го врати клучниот град Северодонецк за два или три дена доколку располага со далечна западна артилерија, изјави денеска гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдаи.
Руската армија со недели се обидува да го преземе тој индустриски град во областа Луганск, кој е важен за контрола на целиот слив на Донбас.
Русија во последните неколку дена врати дел од територијата во градот и повторно контролира „голем дел од градот“, оцени синоќа Гајдај.
Според Гајдаи, ситуацијата во Северодонецк денес е „многу динамична“ со улични борби и постојано руско гранатирање и воздушни напади во областите кои се уште се под контрола на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање рече дека неговите сили им нанесуваат големи загуби на руските сили и дека борбата за Северодонецк може да одлучи за исходот на војната во Донбас во источна Украина.
„Тоа е многу тешка борба, веројатно една од најтешките во оваа војна“, рече Зеленски, наведувајќи дека „судбината на Донбас се решава на многу начини“.
Украинците постојано бараат од Западот да им снабди повеќе ракетни фрлачи со долг дострел.
САД веќе објавија дека испраќаат четири артилериски системи Химарс во Киев, со дострел од околу 80 километри, што е нешто поголем дострел од аналогните руски системи, велат експертите.
Меѓутоа, Вашингтон сака да се увери дека украинските војници добро ги владеат тие ракетни системи пред да испратат повеќе, изјави вчера началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили.
Обединетото Кралство, исто така, најави дека ќе испрати сличен ракетен систем со повеќе цевки во Украина.