Страшен ТикТок предзвик се појави на интернет: Се шири и на Балканот, родителите во паника

Сподели со своите пријатели

Новата игра оди вака – автомобилот застанува пред пешачки премин бидејќи семафорот му е црвено. Се вклучува  зелено светло за пешаци, а пар малолетници стојат веднаш до пешачкиот премин.

Loading...

Во моментот кога е запалено црвеното светло за пешаци, токму кога станува жолто, а потоа зелено за возачите, едно дете трча на пешачкки, прави неколку склекови и трча. Неговато друшто го снима и гордо го прикачува на Тик Ток .Друга варијанта на предизвикот е детето да лежи на улица додека автомобилот оди кон него.

 

 

Кога возачот ќе го види детето и ќе почне да сопира, детето сè уште лежи – додека автомобилот не се приближи опасно. Дури тогаш станува и бега. Ова е, накратко, сценариото за #ghostingchallenge, кој започна во Америка кон крајот на минатата година. Неколку деца завршиле во амбулантата бидејќи возачите не успеале навреме да застанат. Во меѓувреме, овој предизвик се прошири низ светот, а стигна и на Балканот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро и никој да не знае дека оваа убава жена ја измислила Wi-Fi конекцијата (ВИДЕО)

Во разговорот со учениците се дозна дека има нова игра која се шири меѓу учениците – објавија на веб-страницата на училиштето.

– Се состои од предизвикот ученикот да легне на сред улица додека колата не се приближи, а потоа брзо да излезе. Учениците потврдија дека меѓу нив има и такви кои играат така! – напишаа од стручната служба на училиштето. Тие додаваат дека опишаниот предизвик потекнува од социјалната мрежа ТикТок, која некои студенти ја користат и на која се активни.

Loading...

– Ве молиме внимавајте на содржината што им е достапна на децата, особено кога станува збор за опасни активности како што се наведените. Исто така, да се ограничи пристапот до социјалните мрежи и да се следат нивните активности – апелираат до родителите од училиштето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТОЧКА НЕМО: Водена гробница каде вселенските летала одат „да починат“

Сведочењето на мајка која доживеала несреќа да учествува во овој предизвик додека возела опишува како тоа изгледа:

Го видов предупредувањето од училиштето на мрежата – ми се случи пред околу два месеци. Возев и видов две девојчиња и едно момче, би рекла околу 15-16 години како чекаат да се вклучи зелено за пешаци. Сакав да поминам, кога наеднаш на мене налета момче пред автомобилот, се фрли на подот и во секунда направи склек, а во вториот момент со сета сила се фрли на тротоар – сведочеше мајката