Првата генерација на Голф 1 отсекогаш бил феномен на патиштата, но оваа изведба оди чекор понатаму.
Можеби не е најбрз, но секако е еден од најинтересните учесници во трката за забрзување. Така е, бидејќи оваа прва генерација на Голф има повеќе од 600 КС благодарение на огромната турбина. Има рачен менувач и го задржува погонот на предните тркала, што на крајот одзема поени при забрзување.
Како и да е, ова е вистински автомобил подготвен да вози над 250 км/ч. Благодарение на ова, може да се натпреварува со автомобили како што се Мерцедес АМГ ГТ 63 С, па дури и со Ламборџини Авентадор.
Погледнете неколку трки подолу, а ние само ќе споменеме дека загуби од Авентадор, но не со толку голема разлика. Најголемата брзина му била 251 km/h во споредба со Ламборџини. Не е лошо за старец, нели?