Портрет на кралицата Елизабета Втора насликан од хуманоиден робот уметник беше претставен во пресрет на платинестиот јубилеј на кралицата.
„Кралицата на алгоритам“, како што се нарекува сликата, е насликана од Аи-Да, робо-уметник со вештачка интелигенција (АИ).
Има камери во очите и користи компјутерска меморија за претворање на дигитални податоци во физички цртежи и слики со помош на роботска рака.
Уметникот робот Аи-Да го добил името по математичарот и научник Ади Лавлејс.
Уметничкиот процес на машината е дизајниран да ги одразува различните аспекти на технолошките промени што се случија за време на 70-годишното владеење на кралицата.
Роботот Аи-Да може да зборува и со помош на специјално дизајниран јазичен модел.
Роботот Аи-Да е дизајниран во Оксфорд од Ајден Мелер, специјалист за модерна и современа уметност, пред да биде изграден и програмиран во Корнвол од Engineered Arts, познат по своите хуманоидни роботи.