Освоил 2 џекпота во еден месец: Еве на кој начин успеал да освои вртоглава сума на пари!

Сподели со своите пријатели

Човекот од Мичиген освоил дури два џекпот на лотарија во рок од еден месец, во вкупна вредност од над 1,3 милиони долари.

Loading...

33-годишниот маж од округот Алеган изјави дека неговата среќа започнала со наградата Club Keno The Jack од 95.231 долари од билетот што го купил на 20 април во Каламазу.

Неговата среќна серија продолжила на 13 мај, кога повторно бил во пабот Main Street.

– Бев во барот и мојот пријател ми рече дека треба да купам билет за Брз Кеш бидејќи џекпотот е висок и „некој ќе го добие наскоро“. Решив да купам неколку и веднаш ги погледнав – изјави играчот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТОЧКА НЕМО: Водена гробница каде вселенските летала одат „да починат“

 

 

Среќниот човек забележал дека еден од неговите тикети, тикетот Jumbo Jackpot Slots Fast Cash, ги има соодветните симболи.

Loading...

– Кога видов три симболи за џекпот во ист ред, веднаш го извадив телефонот за да го скенирам тикетот во апликацијата „Лотарија“. Кога видов дека сумата се појави на екранот, го погледнав пријателот и му реков: „Нема да веруваш!“. Останав без зборови – се присетува тој.

Тикетот што го купил му донесол џекпот од 1,27 милиони долари. Победникот рекол дека планира да инвестира пари од наградата.

– Освојувањето на оваа награда ќе ми го промени животот. Тоа ќе ми овозможи да правам работи што инаку не би биле возможни – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Важела за најгрда жена на светот, но од тоа заработила цело богатство (ВИДЕО)