Веројатно и вие, како и повеќето луѓе, секогаш ја фрлате кората од лимон откако ќе ја искористите содржината на лимонот.
Веруваме дека знаете колку лимонот е корисен за нашето здравје, а особено за зајакнување на имунолошкиот систем. А дали знаевте дека кората од лимон е исто толку корисна?
Лимонот, покрај сода бикарбона и оцет, е одлично природно средство за одржување на хигиената во домаќинството – ефикасен е, безбеден и дава пријатен мирис.
Ви откриваме фантастични начини како да ја искористите кората од лимон и трикови кои ќе ве воодушеват.
Отстранување бигор
Истурете вода во садот од кој сакате да го отстраните насобраниот бигор и додадете кора од лимон. Гответе 15 до 20 минути на тивок оган.
По готвењето, садовите ќе бидат чисти, а целата куќа ќе мириса на лимон.
Чистење на даската за сечкање
Измешајте една лажичка сода бикарбона со малку сок од лимон и добиената смеса нанесете ја на даска и добро истријте ја со кора од лимон.
Спреј за дезинфекција
Во шерпата прелијте две чаши дестилирана вода, а потоа додадете кора од лимон и десет капки етерично масло со антибактериско дејство. Ставете го капакот и оставете ја водата со кората од лимон и есенцијалното масло да отстои неколку часа, а потоа процедете ја добиената течност и истурете ја во шише со распрскувач.