Пет лица се повредени во рускиот напад на регионот Лавов

Сподели со своите пријатели

Пет лица се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз регионот Лавов, а значително е оштетена и железничката инфраструктура, изјави регионалниот гувернер Максим Козицки.

Loading...

Тој рече дека цел на нападот биле железнички објекти во два окрузи, Стриј јужно од Лавов и Самбир југозападно од тој град, пренесува Би-Би-Си.

Директорот на Украинските железници Олександар Камишин ги демантираше информациите дека руски ракети го погодиле тунелот Бескид, стратешки објект и најголемиот тунел изграден во Украина од 1991 година, кој минува под Карпатите и ги поврзува Украина и Словачка, а е долг два километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина со дронови нападна аеродром, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

До почетокот на руската специјална воена операција низ неа поминувале 60 отсто од товарот од Европа.