Руски хакери: Ја напаѓаме Украина, ја уништивме целата нивна тајна комуникација

Сподели со своите пријатели

Руски хакерски напад ги уништи сите украински заштитени комуникации во март во еден ден, изјави хакер од руската група RaHDIt за руската државна агенција РИА Новости.

Loading...

„На почетокот на март хакиравме повеќе од 700 веб-страници на украинските владини агенции, речиси целиот интернет на украинската влада. Тие ги исклучија, не можеа да се борат со нас. Затоа, сите сервери на државните органи беа исклучени на еден ден“, изјавил анонимниот хакер за РИА Новости.

Хакерите го затвориле серверот преку кој се испраќаат заштитени пораки, рече тој, додавајќи дека групата планира да продолжи да прави слични работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија уапси тинејџер: Го доведува во врска со саботажа

RaHDIt извршува напади врз Украина од почетокот на руската инвазија, а на 1 јуни хакери објавија информации за 700 вработени во Службата за безбедност на Украина со фотографии, телефонски броеви, па дури и нивните адреси на живеење, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува и дека неименуван вработен во руските специјални служби ја потврдил автентичноста на објавените податоци.