САД: Украина нема да го користи нашиот ракетен систем на руска територија

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Украина им ветила на САД дека нема да ги користи напредните ракетни системи што ги испрати за цели лоцирани на руска територија.

Loading...

„Постои голема доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу нашите сојузници и партнери“, рече Блинкен на прес-конференција.

Да потсетиме, новото оружје ќе вклучува високомоќен артилериски ракетен систем (HIMARS) М142.

Системите можат да лансираат попрецизно наведувани ракети на цели оддалечени 70 километри, што е значително повеќе од опремата што Украина моментално ја има.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини САД дека намерно долеваат масло на огнот со испраќање оружје и рече дека не верува дека Киев нема да пука со оружје кон Русија, пренесува Индекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск или како имигрант од Јужна Африка го освои Вашингтон?