Русија ги обвини САД дека „долеваат масло на огнот“ со испорака на напредни ракети во Украина, а од оваа земја велат и дека „во Киев не веруваат дека нема да пукаат кон Русија“, пренесува Ројтерс.
„Веруваме дека САД намерно долеваат масло на огнот. Таа земја очигледно ја држи линијата дека ќе се бори против Русија до последниот Украинец“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Ројтерс.
Како дел од пакетот оружје од 700 милиони американски долари, американскиот претседател Џозеф Бајден се согласи да и обезбеди на Украина напредни ракетни системи кои можат прецизно да гаѓаат руски цели со долг дострел.
Пакетот се очекува да биде претставен денеска.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно денеска изјави дека неговата земја не планира напад врз Русија, но дека им се потребни ракети за да ги деблокираат нивните градови.