Борел: „ЕУ ќе постигне договор за нов пакет санкции“

Сподели со своите пријатели

Членките на Европската унија треба да постигнат договор за прашањето за следниот пакет санкции насочени против Русија, кој вклучува блокада на увозот на руска нафта.

Loading...

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борељ.

 

ЕУ сѐ уште без договор за ембарго на руска нафта

 

„Треба да донесеме јавна одлука. Разговори имаше во неделата попладне и ќе ги има денеска претпладне, како и во текот на целиот ден“, изјави Борељ за францускиот јавен сервис „Франс инфо“.

Тој смета дека попладнево ќе им биде понуден договор на шефовите на земјите-членки на ЕУ, пренесе Ројтерс.

 

Loading...

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

На прашањето дали плановите за забрана на увозот на руска нафта може да пропаднат поради отпорот на Унгарија и другите источноевропски земји, Борељ рече дека „не мисли дека ќе биде така“ и дека „на крајот ќе има договор “.