Многу луѓе главно го поврзуваат Самсунг со паметни телефони и телевизори, но компанијата ги охрабрува другите делови од својот бизнис да достигнат долгорочен потенцијал за раст.
Во следните пет години, односно до 2026 година, компанијата ќе инвестира 450 трилиони вони или 356 милијарди долари во стратешки области. Фокусот на компанијата е на работи како полупроводници, биотехнологија и вештачка интелигенција.
Ова е најголемото инвестициско ветување на компанијата досега. Исто така, оваа бројка сега ја надминува вредноста од 240 трилиони вони, (190 милијарди долари) инвестиции што компанијата ги најави минатиот август. Таа бројка е за 30 отсто повисока од 330 трилиони долари (260 милијарди долари) што компанијата ги вложи во нејзиниот раст во последните пет години.
Според извештаите од страницата, The Korea Herald, одделот на Samsung Electronics ќе ги искористи средствата за зајакнување на процесот на дизајнирање и производство на чиповите. Компанијата се подготвува да започне со производство на чипови од 3 nm за да биде во чекор со конкурентниот TMSC. Компанијата работи и на напредни чипови за суперкомпјутери, роботи и вештачка интелигенција. Samsung исто така планира да се фокусира на развој на 6G технологија.
Во текот на следните неколку години, Самсунг очекува да отвори милион нови работни места. Компанијата планира да вработи повеќе од 80.000 луѓе до 2026 година и да отвори стотици илјади нови позиции со своите добавувачи. Околу 80 отсто од најавените инвестиции се наменети за матичната земја на компанијата, односно Јужна Кореја.