Во Тексас годишна конвенција на лобисти за оружје, доаѓа и Трамп

Сподели со своите пријатели

Годишната конвенција на американските лобисти за оружје (НРА) започнува во петок во Тексас, неколку дена откако 19 деца и 2 наставници беа убиени во основното училиште Увалде (Тексас).

Loading...

На присутните треба да им се обрати и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој за време на неговиот мандат не сакаше да го ограничи поседувањето оружје.

 

ЕУ размислува за изградба на морскиот гасовод Шпанија-Италија

 

Конвенцијата на НРА започнува во Хјустон, каде републиканците, вклучително и американскиот сенатор Тед Круз од Тексас и Трамп, ќе се обратат на групата која се бори за правата на оружјето.

Неодамнешните престрелки низ целата земја повторно ја разгореа дебатата за законите за оружје во САД. Масакрот во Увалде се случи само 10 дена откако самопрогласен бел расист застрела 13 луѓе во супермаркет во населба претежно црнечка во Бафало, Њујорк.

Претседателот Џо Бајден и неговите колеги демократи ветија дека ќе извршат притисок за нови ограничувања за употребата на оружје, и покрај отпорот на републиканците.

Loading...

 

ЕУ размислува за изградба на морскиот гасовод Шпанија-Италија

 

Но, малку е веројатно дека Конгресот ќе одобри построги закони за оружје, бидејќи сите републиканци се противат, наведувајќи го правото да носат оружје од Уставот на САД.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, кој се надева на реизбор во ноември, смета дека построгите закони за оружјето не го спречуваат насилството. Пратениците, смета тој, треба да се фокусираат на превенција и третман на менталното здравје.

Трамп во средата, потврдувајќи го своето учество на митингот на NRA, рече дека на САД им требаат „вистински решенија и вистинско лидерство во овој период, а не политичари и пристрасни размислувања“.

 

ЕУ размислува за изградба на морскиот гасовод Шпанија-Италија

Loading...

 

Тој му вети на американскиот народ „важен говор“.

Годишниот митинг се одржува во време кога полицијата е на удар на бран критики затоа што наводно и требало премногу долго за да интервенира во училиштето во Увалде.

Според многубројните сведоштва, родителите цела вечност чекале пред училиштето да интервенира полицијата, додека вооружениот осумнаесет годишен Салвадор Рамос убивал деца и наставници во училницата.

 

ЕУ размислува за изградба на морскиот гасовод Шпанија-Италија

 

Бајден треба да го посети местото на злосторството во недела со неговата сопруга Џил за да ја „сподели болката на заедницата“ во малиот град со околу 16.000 жители, главно Хиспанци, потресен од еден од најголемите масакри во земјата во последниве години.

Loading...