Куфер полн со кокаин случајно паднал од авион на соларен панел на куќа на островот Сардинија во Италија. Четири месеци по овој инцидент, полицијата успеала да го идентификува пилотот кој го извел овој неуспешен маневар и да го уапсиле.
Дожд од кокаин паѓа на Сардинија, пишуваа италијанските медиуми за настанот од крајот на март минатата година, пренесува The Guardian. Куфер полн со 8,5 килограми кокаин требало да слета во рацете на дилер во градот Баратили Сан Пјетро, но тој случајно се нашол во дворот на една куќа и скршил соларна плоча.
Слушнавме силен удар, па веднаш повикавме полиција, која го пронашла овој куфер полн со кокаин, изјавиле сопствениците на куќата за овој настан, а доколку кокаинот пристигнал во „вистински раце“, неговата вредност на пазарот би била околу девет милиони евра.
Полицијата открила дека авионот полетал од Рим, а исчезнал од радарот за 20 минути, токму во моментот кога правел кругови над градот за да фрла роба.
Со помош на надзорни камери и сведоци, откриено е дека пилотот е 28-годишниот Франческо Рико од Рим, кој со авион ги превезувал богаташите, а по враќањето од Германија бил уапсен во пристаништето Каљари Елмас.