Поради порција помфрит интервенирала и полиција, погледнете на што се пожалил гостинот во ресторанот

Сподели со своите пријатели

Поради малата порција помфрит во Англија, морала да интервенира и полицијата. Имено, Џејмс Левин (22) нарачал порција компири со говедско месо и чили во ресторанот Brewer’s Fayre во Њухавен, а требало да добие и сос од сирење, павлака и млад кромид.

Loading...

Меѓутоа, кога пристигнал оброкот, кој чинел 5,79 фунти, тој не бил задоволен. На социјалните мрежи сподели и фотографии од помфрит. Со него биле мајка му, девојката и помалата сестра, но помфритот не бил единствениот проблем.

Џејмс тврдел дека коктелите биле послужени со мувлосано овошје, а некои од работите што сакале да ги нарачаат не биле достапни во ресторанот. Затоа им било понудено целосно враќање на парите за нарачка вредна 70 фунти бидејќи готвачот бил ’преуморен’ за повторно да им ги подготви оброците, пишува Метро.

 

 

– Како што можете да видите на фотографијата, добивме два помфрит само со чили. Ништо од тоа што го кажуваат не било на нив. Беше страшно. Нивниот аргумент беше дека тие всушност ги немаат оние додатоци што требаше да ги имаат.

Кога плаќаш за нешто, очекуваш да го добиеш, се пожали Џејмс. Ресторанот им понудил враќање на парите, но бидејќи не го прифатиле, повикале полиција.

Loading...

– Иако не беше идеално, им понудивме алтернативни решенија кои гостите не ги прифатија, па ситуацијата ескалира и затоа е повикана полиција – изјавиле од ресторанот Brewer’s Fayre.

Кога полицијата излегла на местото на настанот ја смирила ситуацијата и никој не бил санкциониран.