Работите стануваат малку комплицирани кога станува збор за – градник. Ова парче облека повеќето жени го носат секојдневно, а со годините се зголемува колекцијата на градници, ги имаме во различни бои, со различни начини на врзување и од различни видови материјали.
Остатокот од долната облека, на сите им е јасно, се пере после секое носење.
Дерматологот Ени Гонзалес ја реши дилемата околу тоа, а нејзините тврдења би можеле непријатно да изненадат многу жени, пишува Глорија.
Градниците може да се носат три до четири пати пред перење, но само ако не сте се испотиле додека ги носите, во тој случај веднаш треба да го перете градникот натопен со пот.
Со тоа што чорапите и гаќичките се перат по едно носење, веројатно малкумина имаат „проблем“, но прашање е колку жени всушност перат градник по три до четири носења. Ако и овој пат сакате да го „продолжите“ векот на вашиот градник и да го носите уште еднаш пред перење, размислете уште еднаш, вашата кожа ќе биде благодарна.