Инвеститорите ги тужат Маск и Твитер поради обидот за преземање: „Прекрши цела низа закони“

Сподели со своите пријатели

Група инвеститори на Твитер поднесоа тужба против Илон Маск и самата платформа поради неговата понуда за преземање од 44 милијарди долари.

Loading...

Според тужбата, Маск и самиот Твитер прекршиле голем број корпоративни закони. Меѓу другите, се вели дека Маск дал лажни изјави и на тој начин манипулирал со пазарот, создавајќи „хаос“ во седиштето на Твитер во Сан Франциско.

Се наведува и дека Маск профитирал финансиски бидејќи веднаш не открил дека купил значителен удел во Твитер и дека планира да се приклучи на бордот на директори на таа компанија.

 

 

Тие спомнуваат и неколку твитови објавени од Маск, чија содржина можеше да биде погрешна. Како еден таков твит го наведуваат оној во кој напишал дека го „паузира“ преземањето поради сомневање дека на Твитер има повеќе лажни сметки отколку што е наведено.

Тој твит е обид да се манипулира со пазарот и со цената на акциите на Твитер, бидејќи претходно знаел за лажни сметки, се вели во тужбата.

Loading...

 

 

Адвокатот што ги застапува инвеститорите објасни за Би-Би-Си дека тужбата е поднесена затоа што „Маск продолжува да ја одложува компанијата што сака да ја купи за 44 милијарди долари, за да ја намали цената“.

Во неколку наврати за време на неговите јавни настапи и на Твитер, Маск навести дека се обидува да најде начин да ја намали конечната цена за преземање на Твитер. Да потсетиме, тој првично понуди 54,20 долари по акција, што не наиде на одобрување на голем број акционери кои сметаа дека е премногу ниска цена. Во меѓувреме, акциите на Twitter, поради целата сапуница со Маск, и поради другите движења на пазарот, паднаа на 35,76 долари, што е значително пониско од понудената цена. Последната цена (во моментот на пишувањето) беше 39,52 долари, четвртина помалку од понудата на Маск.