Руски системи за противвоздушна одбрана соборија украински воен транспортен авион во близина на Одеса, кој доставуваше муниција и оружје, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Конашенков додаде дека руските противвоздушни сили го собориле и украинскиот хеликоптер Ми-24 во областа Харков, пренесува ТАСС.
Конашенков рече дека се уништени 13 украински беспилотни летала, вклучително и два авиони Ту-143 „Реис“ од советско производство, додаде Спутник.
„Вкупно 179 авиони, 127 хеликоптери и 1.019 беспилотни летала се уништени од почетокот на руската специјална воена операција во Украина“, посочи Конашенков.

