Каква измама! Мислел дека евтино купил луксузна вила, а потоа останал шокиран

Сподели со своите пријатели

Еден човек од Флорида мислел дека лажицата му паднала во мед кога купил вила од 177.000 долари во Тамарач во близина на Мајами за 9.000 долари пред неколку години. Станува збор за имоти кои се продаваат на лицитација бидејќи им биле одземени на сопствениците поради неплаќање данок

Loading...

. Но, на радоста на Кервил Холнес брзо и дојде крајот кога сфати дека всушност купил тревник широк 30 сантиметри и долг 30 метри во вредност од само 50 долари. Сепак, тој и платил 180 пати повеќе. Дел од „земјата“ се протега од поштенското сандаче и оди преку ѕидот на две поврзани гаражи и завршува во дворот на вилата.

 

 

И покрај тврдењето дека бил измамен, надлежните велат дека се е направено според законот и дека не можат да му ги вратат парите.

– Тоа беше измама. Никаде не беше посочено дека се работи за линија што минува меѓу двете вили, иако имаа алатки за да го покажат тоа – изјави Кервил Холнес.

– Одмаздољубив сум. Би можел да го пресечам ѕидот од гаражата до куќата за да стигнам до мојот воздушен простор, но каква корист би имал од тоа – додаде тој.

Loading...

По неговата грешка, властите издадоа предупредување до сите кои учествуваат на онлајн аукциите да внимаваат за што конкурираат. Но, Холнес не беше единствената која сакаше да го купи земјиштето. Уште три лица дадоа понуди.